Пресметка
Автор:
Ирса Сигурдардотир
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Sogið |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
тврда
Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефонот во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе. Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка? По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.