Превез од тајни
Автор:
Харолд Робинс
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
The shroud |
Бр. на страни:
341 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
мека
Дејството во книгата „Превез од тајни“ , се одвива во неколку различни градови каде главниот лик, Медисон Дупре трага по вистината за древен артефакт. Таа добива понуда која тешко може да ја одбие. Со оглед на тоа што е на работ на егзистенцијата, нема многу голем избор и одлучува да ја прифати понудената работа од Хенри Липтон, човекот кој претходно ја има измамено.
Нејзиното патешествие започнува во Дубаи каде се запознава со своите работодавачи и со историјата за мистериозниот артефакт, Мандалионот или Портретот од Едеса. Според преданието, Авгар, владетелот на градот Едеса, бил болен од лепра. Тој наредил да му се донесе слика од Исус Христос за чија моќ на исцелување веќе знаел. Портретот од Едеса или насликаниот портрет на Исус е стара реликвија која е од огромно значење за православните христијани. Рускиот патријарх Борис Александрович Невски е религиозен фанатик чија амбиција е да ги врати Русите во славните денови кога имале превласт над други националности. Портретот од Едеса со векови бил носен како бајрак пред христијанските армии. Иконата била симбол за царска Русија, доказ дека бог е на нивна страна. Задачата на Медисон е да ја пронајде оригиналната слика, иконата која би му дала силна моќ, па дури и власт на Невски.
3 оценки за Превез од тајни
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Очекував повеќе, меѓутоа подпросечна книга според мене
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –