Приказни за обичното лудило
Автор:
Чарлс Буковски
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Tales of Ordinary Madness |
Бр. на страни:
264 |
Димензии:
14x21
|
Корица:
мека
Во овие ‘приказни за обичното лудило’, Буковски, како и секогаш, е „фотограф“ на реалниот живот. Фотограф на лицата од „скриениот свет“, на лицата од хиподромите, проститутките, физичките работници, возачи на камиони, трета смена, хронични пијаници, бездомници, аутсајдери, на сите тие „поразени, нарушени и проклети“. Затоа што тоа е светот во кој Буковски, реално, учествувал во најголемиот дел од својот живот. Иронично, но неговиот „валкан реализам“ е многу близок до идеалот на реализмот и објективноста во социологијата: хроника на општествениот живот без разубавувања, на светот каков што е, а не каков би требало да биде. Забележан со совршено прецизен јазик.
Questions and Answers
You are not logged in