Природата
Author:
Александар Кујунџиски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
Природата |
Num. of pages:
114 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
– песни во проза и прозни минијатури –
Со оваа најнова збирка проза, кратките раскази од изразито продуктивниот и сестраниот македонски писател Александар Кујунџиски, кој веќе долга низа години се појавува и како автор и на поетски и на драмски објави, не само на прозни, кои веројатно се доминантни во неговиот книжевен опус, тој уште еднаш, по којзнае кој пат, ја потврдува својата наклоност и љубов кон природата.Кон нејзините убавини, кон убавините на животот, и кон убавините на пишаниот збор – секако. И не е воопшто случајно што и оваа збирка носи токму таков наслов: „Природата“. Кратко и јасно. Во неа, опсервирана од формалната страна, се вклучени шеесетина исто такви концизни и експлицитни содржајности, кои, пак, набљудувани од вредносен аспект, достигнале евидентен и непобитен филигрански досег.
Проследувајќи ја книгава, иако од првите раскази поместени во неа може веднаш да се стекне впечаток дека таа пред сè е посветена на неговиот роден крај, на областа Малеш и на неговото родно место, гратчето Пехчево, патувајќи низ неа преку прочитот на сите следни текстови, ќе се согледа и еден инаков творечки посег и осмисленост, кои на делото му вткајуваат и овозможуваат да биде третирано во една далеку поширока и посеопфатна димензија. Иако се работи всушност за прозни минијатури, сите тие содржат видни елементи на оформености налик на орнаменти, на неврамени слики, на од камчиња направени мозаици, и – би рекле – и на мали, своевидни фрески.
Освен тоа, она кое неизоставно треба да се посочи е дека дел од расказите во оваа непреобемна збирка претставуваат вистински песни во проза – тој толку ретко присутен вид во нашата, а и во севкупната светска книжевна продукција, би ја истакнале и хумористичната нотка која прозвучува низ одделни страници, во кои авторот – како веќе одамна потврден и несогорлив хуморист и сатиричар – не успева (а и немало потреба!) да побегне и да се скрие.
Reviews
There are no reviews yet.