Продавачот на сладолед
Author:
Катри Липсон
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Jäätelökauppias |
Num. of pages:
264 |
Dimensions:
24 см
|
Cover:
/
Катри Липсон, познатата финска авторка, со многу вештина, истражување и неверојатно познавање, пишува за случувањата во Чехословачка во четириесеттите години од 20. век и подоцна.
Барајќи спас, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во провинцијата. Нивното патешествие го снима режисер, кој што сака да го имитира реалниот живот создавајќи филм без претходно напишано сценарио, филм во кој актерите ја учат приказната и своите улоги движејќи се за време на снимањето. Ама тие ликови започнуваат свој сопствен живот, во едно далечно село, каде што сите патишта се прекинати поради виорот на Втората светска војна, Томаш и Естер Воржда живеат заедно кај вдовицата Немцова.
На овие настани се надоврзува судбината на Јан, синот на Естер кој што е студент во Прага и кој што е потресен од самозапалувањето на студентот Јан Палах, за време на советската воена интервенција во Чехословачка, во 1968 година. Разочаран, тој бега во Шведска, каде што во еден поинаков, западен и декадентен свет, се жени за раскошната, а истовремено и сурова Шештин.
По дваесет години, пак, нивната ќерка Гунила, се враќа во родниот град на таткото Јан, во независната држава – Чешка, за да се открие себе си. Судбината на измислените херои станува повистинска од самиот живот. Нишките на историските и личните настани се преплетуваат, предизвикувајќи го интересот на читателот, а фикцијата станува главниот јунак.
Авторката Катри Липсон, по професија е лекар, ама секогаш сакала да пишува: раскази, стихови, драми, романи… Нејзиниот роман „Космонаут“ е номиниран за наградата „Финска“, а нејзиниот втор роман „Продавачот на сладолед“, ја доби Европската награда за литература за 2013 година.
Reviews
There are no reviews yet.