Проколнатиот

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 540 | Димензии: 21х13 | Корица: мека

Кое е вистинското лице на величествениот султан Сулејман? Дали жедта за власт е повредна од животот на сопствените деца и браќа? Можно ли е Ромео и Јулија да не се испишани од перото на големиот Шекспир? Кои се аргументите и историските факти пред кои и најголемите историчари молчат и досега немаат дадено вистински и аргументиран одговор?
Авторот не води низ испреплетените и мистични приказни за многу значајни историски личности. Ни ги приложува длабоко чуваните тајни на најистакнатите султани од османлиската империја. Ја открива суштината на дејствувањето на великаните на светската литература.
Во овој сатиричен роман на преку 500 страници авторот пишува за вистинските ликови од литературата, филмот, театарската сцена, историјата на Османлиската Империја… И не штеди никого.
Ги насликува турските писатели, сценаристи и режисери што безмилосно препишуваат и копираат. Но не ги поштедува ни познатите светски писателски имиња како Шекспир, Дикенс, Стриндберг, Ибзен, Достоевски, Кафка…
Посебно внимание им посветува на диктаторите од поново време (Кенан Еврен), но и на бројните безмилосни чедоморства и братоубиства, што низ вековите се случувале за време на суровите борби за власт во Османлиската Империја. Така ликовите што ги гледаме во телевизиските сапуници – султан Сулејман, Хурем, Ибрахим-бег,  Косем, Бајазит, Освојувачот, Абулхамид, Абдулмеџит и други, во оваа книга ги гледаме во сосем поинаква светлина,  а авторот им поставува безброј логични прашања на историчарите на Турција и Османлиската Империја.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Проколнатиот

Категорија:
ИСБН: 9786084654919

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Проколнатиот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in