Проколнатиот
Author:
Селим Илери
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
/ |
Num. of pages:
540 |
Dimensions:
21х13
|
Cover:
мека
Кое е вистинското лице на величествениот султан Сулејман? Дали жедта за власт е повредна од животот на сопствените деца и браќа? Можно ли е Ромео и Јулија да не се испишани од перото на големиот Шекспир? Кои се аргументите и историските факти пред кои и најголемите историчари молчат и досега немаат дадено вистински и аргументиран одговор?
Авторот не води низ испреплетените и мистични приказни за многу значајни историски личности. Ни ги приложува длабоко чуваните тајни на најистакнатите султани од османлиската империја. Ја открива суштината на дејствувањето на великаните на светската литература.
Во овој сатиричен роман на преку 500 страници авторот пишува за вистинските ликови од литературата, филмот, театарската сцена, историјата на Османлиската Империја… И не штеди никого.
Ги насликува турските писатели, сценаристи и режисери што безмилосно препишуваат и копираат. Но не ги поштедува ни познатите светски писателски имиња како Шекспир, Дикенс, Стриндберг, Ибзен, Достоевски, Кафка…
Посебно внимание им посветува на диктаторите од поново време (Кенан Еврен), но и на бројните безмилосни чедоморства и братоубиства, што низ вековите се случувале за време на суровите борби за власт во Османлиската Империја. Така ликовите што ги гледаме во телевизиските сапуници – султан Сулејман, Хурем, Ибрахим-бег, Косем, Бајазит, Освојувачот, Абулхамид, Абдулмеџит и други, во оваа книга ги гледаме во сосем поинаква светлина, а авторот им поставува безброј логични прашања на историчарите на Турција и Османлиската Империја.
Reviews
There are no reviews yet.