Птици во устата
Наградена со „Каса де лас Америкас“ во 2008 година, оваа книга со 18 раскази ја поминува тенката линија што го дели фантастичното од реалното, натприродното од секојдневното, со еден флуиден и прецизен стил и со конкретна визија на светото, што потврдува дека Аргентинката Саманта Швеблин е еден од најважните и најоригиналните раскажувачи од својата генерација прозаисти на шпански јазик.
Хипнотизирачките приказни во „Птици во устата“ го пробиваат реалното со застрашувачка жестина. Сурови, несекојдневни, необични: чудното напати се наметнува во нив со банално и премолчено сомневање. Кај други, пак, со насилна и неповратна густина, како во кафкански кошмар.
Саманта Швеблин (1978) е аргентинска писателка од германско потекло. Дипломира на кинематографската школа на Универзитетот Буенос Аирес. Пишува раскази и филмски сценарија. Добитник е голем број награди за своите раскази. Нејзините раскази се преведени на повеќе јазици, меѓу кои на англиски, француски, германски, шведски, чешки, српски.
1 review for Птици во устата
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –