Раскази ; На дното
/Севкупното книжевно дело на Максим Горки критиката го оценува како мошне значајно, исполнето со противречности, во основа реалистично, во делови или фази модерно, често социјално-дидактично. Нема сомнение дека неговото влијание е многу големо во развојот и подемот на руската советска литература. Сметан за голем пролетерски писател, читан и почитуван и надвор од Русија, Максим Горки спаѓа меѓу ретките автори кои од човечкото социјално дно се искачуваат до самиот врв на литературата, културата и општественото живеење. Тој предизвикува еднакво внимание и со своите литературни дела и со својата апаратна биографија. Познатиот руски книжевен критичар и теоретичар Борис Ејхенбаум, во есејот „Книжевниот лик на Максим Горки“, вака го коментира овој книжевен феномен:
„Горки ја изучуваше литературата попатно и влезе во неа со смелост што му ја влеала силната природа. Неговата појава меѓу руската книжевна интелигенција не беше ниту едноставен ниту обичен факт. Уште самиот негов псевдоним – ’Максим Горки‘ – ... имаше тогаш, во 90-тите години, особена смисла – смисла на предизвик, на дрскост што ја нарушува традицијата. Не беше тоа само псевдоним, – беше гест на новиот човек, којшто се јави како делегат на непросветените маси од бујното Поволожје... Не е случајно што во разни градови почнаа да се јавуваат лажни Горки, а новинарите го следеа во чекор. Го разгледуваа и го проучуваа како реткост. Беше тоа, се разбира, слава, но слава опасна, што ја создаде љубопитството на масата за новата варијанта на рускиот писател.“
Questions and Answers
You are not logged in