Речиси нормално семејство

Original title: A nearly normal family | Num. of pages: 422 | Dimensions: 21 см | Cover: /

Речиси нормално семејство е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одговориме на очекувањата на нашите сакани.

Осумнаесетгодишната Стела Сандел е обвинета за свирепо убиство на еден повозрасен човек. За една обична тинејџерка од угледно семејство тешко е да се поверува дека го познавала сомнителниот бизнисмен, а уште потешко дека го убила.

Раскажана од перспектива на тројцата главни актери, оваа возбудлива драма ja става на тест издржливоста на едно семејство. Таткото, пастор, верува во невиноста на ќерка му, и покрај сѐ поголемиот број докази против неа. Мајката, адвокатка, верува дека никој не ја кажува вистината. Очајната ќерка верува дека никој не разбира на што сѐ е подготвена за да ги оствари сопствените соништа. А сите тројца сфаќаат дека тоа што ги сплотува не е љубовта: туку лагите.

Роман кој ги става на тест верноста и моралот. Дали сме обврзани да ги браниме членовите на сопственото семејство дури и кога знаеме за нивната вина? Дали сите се такви какви што се претставуваат? И што сме подготвени да ризикуваме за да ги зачуваме нашите животи какви што се?

„...Ремек-дело што не ќе можете да го пуштите од раце.“ – Волстрит џурнал

Price: 500 ден

5 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Речиси нормално семејство

Category:
SKU: 978-608-230-744-2

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Речиси нормално семејство”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in