Редоследот на времето

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: L'ordine del tempo | Бр. на страни: 160 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во книгата „Редоследот на времето“, италијанскиот физичар Карло Ровели пишува за „една од големите нерешени мистерии во физиката“ – времето. Времето како физичка величина е енигматично. Филозофите, уметниците и поетите забележале дека неговата структура е различна од нашето едноставно, интуитивно поимање. Од Болцман до квантната теорија, од Ајнштајн до квантната гравитација, нашето сфаќање на времето претрпе радикални измени. На различни места времето тече со различна брзина, минатото и иднината се многу помалку различни отколку што ни се чини, а во пространството на вселената самиот поим за „сега“ исчезнува без трага. Во овој извонредно забавен, читлив, но истовремено и поучен бестселер на „Њујорк тајмс“, со шарм типичен за некој што е инспириран, Карло Ровели ни ја открива мистеријата на времето, понесувајќи нè на возбудливо патешествие во еден свет во кој времето е во нас, а ние не сме во времето.

Цена: 330 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Редоследот на времето

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-771-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Редоследот на времето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in