Сѐ уште Алиса
Author:
Лиса Џенова
Publisher:
Матица Mакедонска |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
Still Alice |
Num. of pages:
303 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
„Моето вчера исчезнува, а иднината ми е неизвесна - тогаш за што живеам? Живеам за секој ден. Живеам за сегашниот момент. Ќе го заборавам денешниот ден, но тоа не значи дека денешниот ден не е важен“.
Алиса Хауланд е среќно омажена жена и мајка на три возрасни деца. Таа е ценета професорка на Харвард и на врвот од својата професионална кариера забележува дека нејзиниот ум полека но сигурно го освојува заборавот. Збунета од помрачување на мислите и се позачестеното губење на меморијата, Алиса оди на лекарски преглед каде што и е дијагностицирана рана Алцхајмерова болест. Наспроти страшната болест и фактот дека ја губи контролата над сопствениот ум, Алиса дава се од себе за да живее ккао порано. Но, болеста забрзано напредува и таа веќе не е способна да работи, не ги препознава сопствените деца и не може да се грижи за себе.
На моменти трогателен, но пред се инспиративен и застрашувачки, романот Сѐ уште Алиса детално и многу реално го опишува животот, чуствата и размислувањата на личноста која боледува од деменција, предизвикана од ужасната Алцхајмерова болест. Но, ова не е само приказна за заболениот, туку и за неговото семејство кое подеднакво трпи и страда.
Reviews
There are no reviews yet.