Сè помалку човек

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Ningen shikkaku. | Бр. на страни: 142 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко сутество.

Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сè помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство.

Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности.

Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сè помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството.

„Борбата на поединецот да се вклопи во едно нормално општество е исто толку значајна денес колку што била и во моментот кога била напишана книгата.“

Цена: 250 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Сè помалку човек

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-819-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сè помалку човек”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in