Сè помалку човек
Author:
Осаму Дазаи
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Ningen shikkaku. |
Num. of pages:
142 |
Dimensions:
21
|
Cover:
тврда
Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко сутество. Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сè помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство. Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности. Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сè помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството. „Борбата на поединецот да се вклопи во едно нормално општество е исто толку значајна денес колку што била и во моментот кога била напишана книгата.“
Reviews
There are no reviews yet.