Сè што не помнам

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Allt jag inte minns | Бр. на страни: 255 | Димензии: 200x140 | Корица: /

      Романот претставува необична приказна за љубовта, пријателството и насилството – која нараторите ја раскажуваат во фрагменти за починатиот пријател Самуел кој и понатаму живее во нивните сеќавања, откако пак неговите блиски доживеале различни судбини.      Всушност, повеќе животни судбини, исполнети со страв да не го загубат минатото, се судираат со голема брзина во дејствието во романот во денешен Стокхолм. Зад сите гласови за Самуел се насетува некоја личност во бегство од самата себеси.      Кога Самуел ја среќава Лаиде, својата голема љубов, ќе се смени пријателството меѓу него и неговиот најдобар другар Ван­дад. Авторот ја опишува љубовта меѓу Самуел и Лаиде без никаква заштитна мрежа и со постојана свесност за ризиците да потоне во клишираност. Писателот кој подоцна ги собира сеќавањата ќе се посомнева дека Лаиде премногу ги разубавува сеќавањата за Самуел, а на што таа ќе реагира, укажувајќи му без двоумење дека може да верува и да мисли што сака, велејќи: „Тоа што го зборувам јас, тоа се моите спомени“. Тука ја имаме и една од централните теми во романот: правото на сопствена меморија, независно како изгледа таа во туѓи очи. Но, тоа е исто така и литературен обид да се опише чиста љубовна приказна без современиот цинизам, при што движењето е блиску до клишеата, но можеби претставува и нивно прифаќање и нивна потврда, преку согледување на вистината во нив.      Кемири е добитник на повеќе литературни награди, меѓу кои престижната шведска награда за најдобро романескно остварување „Аугуст“ и наградата за најдобар роман на Шведското радио.

Цена: 250 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Сè што не помнам

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-051-3

Questions and Answers

You are not logged in