Сé што заборавила Алиса
Автор:
Лиен Мориарти
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
What Alice forgot |
Бр. на страни:
406 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка. Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила. Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа? Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.