Се викам црвена
Author:
Орхан Памук
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Benim adim kirmizi |
Num. of pages:
583 |
Dimensions:
135/200
|
Cover:
тврда
Султанот издал наредба да се создаде книга што ќе ја прослави неговата империја. Собрани се најспособните и најталентираните минијатуристи кои ќе ја украсат книгата на дотогаш невиден начин. Но, проектот мора да остане во тајност, бидејќи илуминациите треба да бидат изработени во европски стил, а исламот е многу строг кон фигуративната уметност. Паниката избива во прв план откако еден од минијатуристите е пронајден мртов: сликарската контроверза многу лесно може да се претвори во религиски и во политички скандал со незамисливи последици. Истовремено суптилна мистерија, заводлива љубовна приказна и медитација на природата на сликарството, романот Се викам црвена магично нè носи во XVI век, директно во јадрото на религиските и политички интриги на Отоманската империја. Самиот поделен помеѓу двете традиции, Орхан Памук уште еднаш ја демонстрира својата калеидоскопска визија, во која вешто се сопоставени Истокот и Западот, единката и општеството, религијата и уметноста.
Reviews
There are no reviews yet.