Седумте

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Седумте : патoписи за љубовта, планините и уметноста | Бр. на страни: 278 | Димензии: 21 | Корица: тврда

„Седумте“ е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од нас сосема недофатливи, па и незамисливи светови. Овој патопис на Илина Арсова е документ не само за нејзините патешествија и подвизи што оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт, туку претставува и архив на едно време во кој преку длабоко искрен приказ на личното – од размислите до животните приказни на авторката – стигнуваме до пресек на болните проблематики на современото македонско општество.
Румена Бужаровска, писателка, професорка

„Седумте“ е мистично, адреналинско, авантуристичко патување по светот, но е уште повеќе длабоко, внатрешно патување кон сопствениот гравитационен центар. Прелетувајќи преку тропските бои, џагор и мириси на Истокот, низ чудесниот остров на Екваторот проткаен со вулкански карпи, корални формации и неверојатен биодиверзитет, низ глечерите на Хималаите и бескрајната белина на Антарктикот, „Седумте“ слетува во најдлабоките прашуми на срцето и душата. Токму таму, Арсова суптилно и безрезервно ги отвора темите за љубовта, страста, тагата, дилемите и одлуките поради кои е нешто засекогаш загубено или, пак, занавек сочувано.
Маја Мухиќ, професорка и вљубеничка во адреналинските спортови

Илина е име изведено од дарежливост, среќа, насмевка, утеха, љубов. Нејзината книга е сведоштво за вистинскиот балон кој самите си го создаваме, но таа умешно е надвор од него. Кога ќе си ја спомнете, пред вас е широката насмевка која зрачи со љубов и мудрост. Има вештина! Одете и пробајте некоја ваша вештина, ќе паднете во стапица! Илина вешто ги создава стапиците и ги совладува!

Оваа книга треба да си ја имате поблиску до себе. Зборовите стануваат ваши. Илина копнеж, стремеж, врзување, допирач на ѕвезди, чувар на пеперутки и безусловно слободна!

Цена: 450 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Седумте

Категорија:
ИСБН: 9786082308456

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Седумте”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in