Секој може

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Anyone Can Do It | Бр. на страни: 215 | Димензии: 14х20 | Корица: /
Извадок:

СЕКОЈ МОЖЕ е хроника за остварување на сонот на двајца млади луѓе кои сфаќаат дека нивната креативност и амбиција може да ја задоволат единствено со основање на сопствен бизнис.  Сахар како адвокат, Боби како банкар, одлучуваат да ги прекинат своите професионални кариери за да го остварат нивниот сон. Низ меѓусебните разговори, во кои всушност се родила идејата за основање на сопствен синџир на кафетерии, потенцираат колку е тежок и интересен патот до успехот. Покрај стручните економски, финансиски и деловни совети, во книгата среќаваме и низа духовити и возбудливи анегдоти за она што се случувало додека го развивале бизнисот, како и дел од нивното директно искуство. Оваа лична приказна за сонувањето, акцијата и успехот е всушност студија за развивање сопствен бизнис од идеја, преку бизнис-план, наоѓање на финансиски средства, па сè до раководење со илјадници вработени.  
Сахар и Боби Хашеми во 1995 година го основаа синџирот на кафетерииCoffee Republic кој прерасна во најпознат англиски бренд вреден 50 милиони фунти, а овoj светски бестселер стана задолжителна литература на 
London Business School.


Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Секој може

Категорија:
ИСБН: 978-608-4569-03-9

1 оценка за Секој може

  1. Rated 5 out of 5

    Aleksandar Simov (верификуван корисник)

    Книга вредна за читање. Сахар и Боби Хашеми (брат и сестра) раскажуваат како основале бизнис, кој за 10-тина години го имаат проширено на повеќе од 100 локаци. Во оваа книга има се што треба да се знае за да се основа свој бизнис, од креирање на лого и име на бизнисот, до бизнис план и проширување… Дефинитивно добива 5

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in