Семејството на горниот кат

Автор: Лиса Џул
Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Family upstairs | Бр. на страни: 417 | Димензии: 20 см | Корица: /

Роман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина.
Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.

Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони.
Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден.
Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема.

Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.

„Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“

„Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс”

Цена: 490 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Семејството на горниот кат

Категорија:
ИСБН: 978-608-262-100-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Семејството на горниот кат”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in