Скршнување
Author:
Гербранд Бакер
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Скршнување |
Num. of pages:
192 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
/
Вели дека се вика Емили, но тоа не е нејзиното вистинско име. Го позајмила од поетесата Емили Дикинсон, чија книга поезија е едно од ретките нешта што ги понела со себе бегајќи во дивите предели на Велс. Нејзиниот стар дом е во Амстердам, но го напуштила откако признала дека е во вонбрачната врска со студент и добила отказ од работа. На фармата каде што доаѓа наоѓа десет гуски. Една по една, тие исчезнуваат. Навистина, која е оваа средовечна жена? Дали нејзиниот сопруг ќе успее да ја најде? А момчето што останува да преспие на имотот: зошто не сака да си замине? И зошто гуските исчезнуваат? Сместен во прекрасните велшки пејзажи, „Скршнување“ е приказна за потрагата по себе и за природата на болката. Романот на Бакер освојува со својата заводлива атмосфера на осаменост и закана и со приказната полна со искрено сочувство и со ретка убавина. Кристалната прецизност и привидната едноставност на ова дело од еден од најзначајните европски писатели на својата генерација кријат гејзир од силни емоции. „Еден од најубавите романи на кој можам да се сетам.“ Newsday
Questions and Answers
You are not logged in