Слики од детството
Author:
Александар Кујунџиски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Слики од детството |
Num. of pages:
106 |
Dimensions:
14x21
|
Cover:
/
Оваа збирка содржи 55 кратки раскази за деца - „слики“ кои авторот ги посветил на своето детство „претрчано во родното Пехчево“, вселено во прегратките на областа Малеш, во источниот дел од нашата Македонија.
Преку овој зборосплетен ѓердан од вистински згоди и настани, доживеани и повторно оживеани под перото на Александар Кујунџиски, може да се согледа едно дамнешно детство во исконска сплотеност со природата; со ливадите, горите, ридјето, планињето и со нивниот растителен и животински свет...
Да се види колоритот и одличјата на сите годишни времиња; драгоста што ја носи раскошот и буктежот на пролетта; распеаноста и исполнетоста на летните дружби и милности; дарежливоста на жолтозлатната есен; белината на снеговите и топлината на зимските игри и радости...
Да се почувствува личотијата на шумските јаготки, ѕуници, малини, капини, боровинки; опојот на здравецот, синчецот, мајкината душица, медуниките, јагликите; и на косеното сено, нанижано на стогови...
Да се слушне ѕунот на некогашните училишни ѕвончиња и советодавниот глас на драгите учители... Секако, неизоставно – и гргорот на планинските води кои го заплиснуваат и на еден своевиден начин го бранувале ова преубаво гратче, за кое во времето на дестството на овој наш писател насекаде ечела песната „Ој, Пехчево - ти град Венецијо!...“
3 reviews for Слики од детството
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
в в (verified owner) –