Смртта на Артемио Круз
Author:
Карлос Фуентес
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
La muerte de Artemio Cruz |
Num. of pages:
272 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
тврда
Романот Смртта на Артемио Круз се смета за ремек-дело на еден од најзначајните латиноамерикански писатели од втората половина на XX век – Мексиканецот Карлос Фуентес. Смртта на Артемио Круз претставува портрет на имагинарниот револуционер и богаташ Артемио Круз. Лежејќи во претсмртна агонија, Круз се сеќава на сопствениот живот. Нишките од неговата животна приказна се преплетуваат со клучни настани од историјата на Мексико. Фуентес мајсторски комбинира бројни животни судбини, манипулирајќи со калеидоскоп од слики, трупајќи слоеви врз слоеви, од херојските борби на Круз за време на Мексиканската револуција, преку неговото немилосрдно збогатување, до неговата смрт. Раскажувачката перспектива често се менува за да се постигне чувството на суштинската недофатливост на човековата егзистенција. Истовремено, книгата е и остра критика на мексиканското општество и особено на политичките манипулации и злоупотреби на моќта.
Questions and Answers
You are not logged in