Смртта нема сенка
Автор:
АДНАН БИНЈАЗАР
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
304 |
Димензии:
21x13
|
Корица:
мека
Имињата и настаните се вистинити...
Филиз е млада девојка која учи во училиштето во Чорум, Анадолија. Во истото училиште работи и младиот професор Аднан. Еден поглед или еден момент некогаш можат да траат цела вечност. Аднан Бинјазар, во најситни емотивни детали ни ја раскажува тажната автобиографска љубовна сторија за судбината на починатата сопруга Филиз.
Непреболена љубов, исполнета со тага, болка и неисполнети очекувања. Дарот на љубовта е голем, само што губењето причинува многу поголема болка од радоста на дарот.
Емотивната лирска и лична приказна, не го спречува авторот да го покаже своето мајсторство и во романот да ги вткае и опише општествените прилики во татковината, во Берлин, Коста Брава во Шпанија, Белград и да го долови духот на времето и луѓето кои живеат во овие места...
Во книгата е споделено и едно искуство, медицински и домашни методи на лекување во долгата и макотрпна психофизичка борба со најпокосната болест на модерното време – канцерот.
Аднан Бинјазар е роден 1934 година во Дијарбакир, Турција. Студирал литература на универзитетот „Гази“ во Анкара. Тој ја истражувал фолклорната култура и учествувал на многу интернационални конференции и семинари. Со цврста увереност дека општествата мора да се развиваат и да ги чуваат нивните национални култури живи, Бинјазар има напишано бројни есеи, рецензии и истражувања што ги обележуваат културните вредности на турското општество.
Во 2005 година за романот „Смртта нема сенка“ ја доби значајната книжевна награда „Орхан Кемал“.
Аднан Бинјазар живее и работи во Германија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.