Солен сладолед

Original title: Солен сладолед = Соленое мороженое = Солоне Морозиво = Salty ice-cream | Num. of pages: 106 | Dimensions: 30 | Cover: мека

Неговиот однос кон жените беше и сеуште е отворен, директен, културен, без интриги. Како што спомнува самиот автор во книгата, културно е да се каже дали се сака или не се сака, а не да се прават интриги и да се губи времето.

На северната обала од Црното Mоре, на полустровот Крим, се наоѓа монденското летувалиште Јалта. Во периодот кога Советскиот Сојуз беше во залез и кога се правеа првите отворени кокетирања со Западниот свет, на Јалта се појавија авантуристи, истражувачи, модерни Марко Половци, љубители на жени, своевидни грофови кои од западот носеа новини кои многу млади жени од просторите на Украина и Русија, жедно ги очекуваа. Еден од најголемите грофови кои во тоа време се појавуваа на плажите, шеталиштата, рестораните на Јалта и на многу други места низ Украина и Русија беше Кирил Наков.

За книгата Солен сладолед од Кирил Наков може да се каже дека е своевиден албум од сеќавања кој плени со својта отвореност и со темата која ја обработува. Хенри Милер и Чарлс Буковски кога би биле во можност да ја прочитаат книгата можеби би се засрамиле, но доколку Никос Казанзакис или некој налик на него би ја имал можноста да се дружи со Кирил Наков и да го впива неговиот животен ритам, неговата животна мудрост, во светот на литературата би се создал уште еден Алексис Зорбас или уште повеќе би се создал во светот на литературата ликот на Кирил Наков.

Price: 290 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Солен сладолед

Categories: ,
SKU: 978-608-245-446-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Солен сладолед”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in