Солун, Лерин, соништа…
Автор:
Русомир Богдановски
Издавач:
/ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Солун, Лерин, соништа... |
Бр. на страни:
228 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Русомир Богдановски е еден од најкомпетентните и најизведуваните македонски драматичари, автор чијшто маркантен комедиографски опус станал константа во театарските репертоари. На Факултетот за драмски уметности во Скопје, долги години, бил професор по драматургија и по сценариo, така што сите помлади македонски драматичари и сценаристи симболички се испилиле од под „неговиот шинел“…Kнигата СОЛУН, ЛЕРИН, СОНИШТА… е составена од три најнови драмски текстови на Богдановски, изведени помеѓу 2015 и 2017 година. Сите три се пишувани „по покана“ на Слободан Унковски, режисер со кого соработува уште од претстудентските години кога и двајцата, театарски фанатици, учествувале во создавањето на скопската театарска алтернатива. Како иницијален преттекст на првата драма Солун, град на духови на Богдановски му послужи книгата од Марк Мазовер. Драмата Лерин – полиња жито, ридишта крв е драмски коментар на документарната граѓа од 1947-1948 година, истражувана низ архивите и рецентните весници. Иницијален преттекст за драмата Ајнштајновите сoништа е истоимената книга на американскиот физичар и есеист Ален Лајтман. Сите три се изведуваат, континуирано и со успех.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.