Срце, глава, стомак

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: / | Num. of pages: 240 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Срце, глава, стомак е сатирична романтична новела издадена во 1862 година. Раскажана е во прво лице од протагонистот Силвестре да Силва, кој на читателот му ги раскажува причините за своите љубовни неуспеси и радости во тогаш современиот Лисабон. 

Поделена е на три дела: во ,,Срце’’, Силвестре е постојано вљубен, но несреќно, та негова единствена цел и фрустрација е да ја пронајде совршената жена. Гневен, преоѓа во вториот дел ,,Глава’’, каде што материјално гледа на љубовта и го негира сето тоа што му се чини неправилно во тогашното општество, така што во еден весник од Порто завршува здобивајќи се со фама на клеветник. Во третиот дел од неговиот живот му се предава на ,,Стомакот’’ и живее селски живот со мигови на мир и задоволство: се спојува со Томасија, ќерка на генерал-мајорот од Соутело, и добива богата женидба исполнета со прекрасни јадења, далеку од разочарувањата на главата и срцето. 

Во ова дело можеме да најдеме од се по нешто: значителна социолошка критика, сатира за португалските обичаи и, пред се, литературно изложување на најпрефинетиот хумор на Камило Кастело Бранко. Наративата во ова дело е металингвистичка, додека, пак, содржината е автобиографска: Силвестре ни открива зошто ја има напишано оваа книга- објаснува како се обидел да го искористи животот така што од него да добие најголема сатисфакција.

Price: 350 ден

29 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Срце, глава, стомак

Category:
SKU: 978-608-259-061-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Срце, глава, стомак”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in