Странецот; Митот за Сизиф
Author:
Албер КАМИ
Publisher:
Макавеј |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
L'étranger. Le mythe de Sisyphe / Albert Camus |
Num. of pages:
208 |
Dimensions:
А5 / 21 cm
|
Cover:
мека
Романот „Странецот“ е најпознатото дело на Албер Ками за кое се напишани и најголем број студии и осврти како од француски така и од најпознати критичари од целиот свет. Но и покрај многубројните рецензии и толкувања на ова дело, тоа, според многумина, и натаму останува енигма. Албер Ками, според своето уверување, е либерален хуманист и со право ќе го наречат духовен ментор не само на француската, туку и на светската повоена генерација интелектуалци. Тој е класичен пример на човечката трудољубивост, виталност и луцидност. Тие особини најдобро ќе ги инкарнира во личноста на Сизиф, во своето главно есеистичко дело Митот за Сизиф, што е напишано како извесен коментар, односно како филозофско толкување на неговото култно дело, романот Странецот. Превод од француски јазик: Офелија Ковиловска, Паскал Гилевски; поговор Паскал Гилевски]
Reviews
There are no reviews yet.