Светлина
Author:
Торгни Линдгрен
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Ljuset |
Num. of pages:
220 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
„Светлина“ започнува со страшна епидемија која опустошува едно село на северот на Европа, при што ќе преживеат само неколкумина жители. Болеста со себе ги однесла и сите морални претстави и чувството за правичност меѓу луѓето. Селскиот столар Коник се залага за воспоставување ред и законитост. Еден ден во селото доаѓа туѓинец за утврди дали жителите сè уште поседуваат способност да дадат придонес за кралството. Но и тој ќе биде погоден од општото беззаконие. Кога Кониковата сопруга ќе го привлече со својата убавина, нема да може да му се спротивстави на предизвикот. Но столарот има и една свиња која во мигот на љубовната игра на туѓинецот со неговата сопруга, ќе тргне низ селото по храна и се случува страшен злостор, па свињата мора да биде изведена пред лицето на правдата... Во овој алегориски роман авторот им дава крупно значење на моралните дилеми поврзани со некои од суштествените животни прашања. Заедно со „Патот на светлината“ и „Бумбаровиот мед“, овој роман му носи интернационална слава на Торгни Линдгрен – еден од најзначајните шведски стилисти и најпреведуваните современи шведски писатели во изминативе две децении. Негови дела се преведени на повеќе од 30 јазици. Од 1991 година е член на 18-члената Шведска академија во Стокхолм, која ја доделува Нобеловата награда за литература.
Questions and Answers
You are not logged in