Таа
Author:
Рајдер Хагард
Publisher:
Мартина |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
/ |
Num. of pages:
255 |
Dimensions:
21x14
|
Cover:
тврда
Почитувани читатели!
Пред вас е бисер на пишуваниот збор. Книга продадена во повеќе од 83 милиони примероци, книга што го зазема високото 9-то место по продажба на сите времиња.
Книга што извршила големо влијание и предизвикала големи општествени промени.
Книга што долго време била ѕвезда водилка на светското феминистичко движење и дала голем придонес во борбата за еманципација и за поголеми права на жената.
- Зарем нема никој кој ќе ми го симне велот и ќе ме погледне во лице бидејќи тоа е многу убаво? На оној кој ќе ми го симне велот ќе му дадам спокојство и благородни деца, мудрост и добри дела.
А еден глас извика:
- Иако те сакаат сите оние што те бараат, гледај! Девица си и девица ќе останеш до крајот на светот. Нема човек роден од жена кој може да ти го симне велот и да остане жив, ниту некогаш ќе има. Само со смрт може да се симне твојот вел, о Вистино!
- А Вистината ги подаде рацете и заплака затоа што оние што и се додворуваат не можат да ја освојат, ниту да ја погледнат в лице.
Вистината им била бог на жителите на стариот Кор и во нејзина слава ги граделе своите храмови и ја барале неа; иако знаеле дека никогаш нема да ја најдат, но сепак ја барале.
Почитувани читатели , фикција или вистина, ве оставаме сами да одлучите....
Questions and Answers
You are not logged in