Тие што се сакани
Author:
Викторија Хислоп
Publisher:
Топер |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Those who are loved. |
Num. of pages:
410 |
Dimensions:
21см
|
Cover:
тврда
Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва. Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор. За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди... Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот. „Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина“. – „Скотсман“ „Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“ „Таа возбудливо ја оживува грчката историја... Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“ „Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“ „Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“
Reviews
There are no reviews yet.