Тито – Тајна на столетието

Publisher: Топер | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Тито – Тајна на столетието | Num. of pages: 407 | Dimensions: 165x235 | Cover: тврда

Американците го нарекуваа “доминантна фигура на светската сцена”, Африканците “патријарх на неврзаните”, Англичаните “симбол на дваесеттиот век”, а германскиот канцелар Вили Брант го сметаше Тито за “дар на судбината”. Комплименти добиваше истовремено и најизменично и од сите советски и од сите американски претседатели, речиси од сите европски водачи и од државниците од сите континенти. И од левицата и од десницата, од кралевите и царевите, од арапските шеици и од африканските поглавици, до нанјголемите ѕвезди на светскиот џет сет. Тој е единствениот комунист кој успеа да го освои еден од најголемите светски конзервативци, англискиот премиер Винстон Черчил, кој со одбрани зборови го препорачувал , не смао на американскиот претседател Франклин Рузвелт, туку и на советскиот диктатор ЈОсиф Висарионович Сталин, пос чија капа Тито е создаден. Солидно зборуваше и пишуваше руски и германски, делумно и италијански, есперанто, шпански, француски и киргиски јазик, а јазикот на земјата со која владееше никогаш не го научи добро. Беше феномен, можеби еден од најголемите во дваесеттиот век. Меѓу неговите сé побројни обожаватели ги има сé повеќе оние кои не биле родени додека тој управуваше со Југославија. Само во 2007 година Титовиот гроб во “Куќата на цвеќето” го посетиле 138000 луже од сите држави на некогашна Југославија и од најразлични делови на светот. На facebook, Најпознатиот персонален интернет сајт во светот, регистрирани се дури 500 групи Титови фанови, повеќе отколку што имаат сите поранешни и сегашни лидери на сите народи и држави од поранешна Југославија. Руската писателка, Надежда Мандељштам мислејќи на Сталин велеше дека диктаторите се бесмртни до крајот од животот, но Тито по смртта станува уште побесмртен.

Price: 250 ден

4 in stock

Compare
Sold By Топер

Report an abuse for product Тито – Тајна на столетието

Category:
SKU: 978KK00620

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Тито – Тајна на столетието”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in