Тоа бевме ние

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Det var vi | Num. of pages: 192 | Dimensions: 13×20 | Cover: мека

Роман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас! Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата? Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето. Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?

Price: 300 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Тоа бевме ние

Category:
SKU: 978-608-243-538-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Тоа бевме ние”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in