Црква

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Црква | Num. of pages: 80 | Dimensions: 145/205 | Cover: тврда

Стихозбирката „Црква“ првпат е објавена во 1988 година. Во неа носечка е истоимената песна „Црква“, во која лирскиот субјект, кој е, всушност, гласот на самиот Конески, пее за тагата од сознанието дека сакаат да ја урнат црквата во родното село Небрегово и која, според кажувањата, одиграла клучна улога во отстапувањето од таа намера. Освен оваа песна, стихозбирката содржи тематски сродни мотиви што се однесуваат на религиозни празници и на светци што се поврзани повеќе со неговата семејна традиција, отколку со неговата набожност.

„Далековидоста на поетот, доживеана масовно од својот народ ја откри неговата песна ’Црква‘. Овде е и поентата на неговата длабока мисловност и пробивот во нашата традиција. Овој македонски народ, вековно збран во неволи и во маки го докрепила и прибрала нашата црква. Затоа не може да премине преку неа и познавачот и вљубеникот во својата земја. И колку да сакаме да ја прифатиме теориската поставка за мигновеното пишување на песната, што е секако можно, со сфаќањето дека песната не се создава, туку се открива, тој чин без длабоките пробиви во суштините на изминатото искуство и поројните мисли, не би ја остварил високоприфатената уметничка вистина и предност на поетот.“
проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ

Price: 250 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Црква

Categories: ,
SKU: 978-608-267-442-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Црква”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in