Убиецот со распетието

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The crucifix koller | Бр. на страни: 380 | Димензии: 21 | Корица: мека

Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?

Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 490 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Убиецот со распетието

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-097-0

1 оценка за Убиецот со распетието

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Брутална, адреналинска и возбудлива! Ја препорачувам за сите кои сакаат
    да читаат крвави крими-трилери со многу случки што го запираат здивот.
    Хантер и Гарсија се едно топ книжевно дуо! 😀

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in