Убиј го зборливото куче
Автор:
Митко Маџунков
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Убиј го зборливото куче |
Бр. на страни:
254 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
НАГРАДА „ИСИДОРА СЕКУЛИЌ“
Користејќи се со фолклорот и со искуствата на некои од големите руски писатели, Маџунков, со силата на својот талент даде неколку извонредни раскази, како што се, на пример: „Во автобусот“, „Неволите на Павле“, „Има ли можност да останеме живи“, „Смртта на Јонски“, „Игранка“, „Лихнидски очи“. Во целата своја збирка, а особено во овие раскази, Маџунков дава проза со автентичен творечки потег, цврсто чувствување на стварноста и иронично-гротескен однос кон човечката егзистенција и судбина.
Од соопштението на жирито
Ширејќи ја сферата на стварноста до бесконечност и истовремено ширејќи ја сферата на фантастичното до крајните граници на стварноста, Митко Маџунков создаде раскази со антологиска вредност, како „Убиј го зборливото куче“ и „Мирисот на земјата“, целиот циклус раскази за Иљо М., потоа расказите „Циркус“ и „Во автобусот“.
Предраг Протиќ
Оценки
Сѐ уште нема оценки.