Убиство во библиотеката

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Atac în bibliotecă | Бр. на страни: 208 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Оваа книга ги има сите состојки потребни за уживање во едно детективско четиво: убиство, истражител, убиец, жртва. По една ноќ на која не се сеќава ништо, новинарот Андреј Младин наоѓа труп во својата библиотека. Не може да сфати како безживотното тело се нашло таму или кои се луѓето што учествувале во оваа збрка, по која се уништени дел од неговите записи, ниту пак како теговите (кои главно ги користел за да ги импресионира гостинките) се претвориле во оружје. Младин ја отфрла улогата на осомничен и решава да стане детектив. Првиот чекор што го презема е навраќање на минатото, за кое не знае дали ќе го расветли убиството, но барем ќе се присети како го сретнал Валентин, кого подоцна ќе го пронајде мртов во работната соба.

Стилот на Џорџе Арион се карактеризира со постојано напнат ритам, кратки реченици, богат јазик, силна доза на хумор и со извонредна иронија. Го споредуваат со Рејмонд Чендлер. Убиство во библиотеката е класик на романската книжевност, напишан за време на диктатурата на Чаушеску, и умешно дава критички поглед на своето време. Истоимениот филм е од 1992 година.

 

„Џорџе Арион е виртуоз на детективскиот роман.“

Думитру Мику

 

Рангирано 5 од 5 според 3 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Убиство во библиотеката

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-221-2

3 оценки за Убиство во библиотеката

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    в в (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in