Улицата на бродовите

Publisher: Сакам Книги | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Улицата на бродовите | Num. of pages: 316 | Dimensions: 21см | Cover: тврда

Во врнежливиот Сиетл, на езерото Јунион, постои нешто што се нарекува Улицата на бродовите. Тоа е заедница на пловни куќи, каде што се живее уникатен, мирен и романтичен живот на вода. На самиот крај на доковите, има една пловна куќа со изветвени шиндри од кедар и ползавец грамофонче, но убавината на белите цветови може да лаже. Во педесеттите години, Пени, млада невеста на познатиот сликар Декстер Вентворт, се вселува во куќата и мечтае за исполнет живот како муза на успешниот локален уметник кого го очекува светска слава. Во сегашноста, Ада Санторини по игра на случајноста завршува на истата пловна куќа, со надеж дека нејзиното нежно лулање на езерото ќе ја затапи болката од личната трагедија поради која бега од Њујорк. Кога се сместува во куќата, Ада наоѓа стар ковчег полн со спомени од една жестока љубовна афера. Соседите на доковите од некоја причина не сакаат да откриваат многу за минатото, но јасно е дека сите ја сакале убавата и мистериозна Пени. Како новинар, Ада насетува интересна приказна и почнува да истражува. Се чини дека на Улицата на бродовите е судено да се испреплетат мистериозното минато на Пени и неизвесната иднина на Ада.

Price: 450 ден

4 in stock

Compare
Sold By Сакам Книги

Report an abuse for product Улицата на бродовите

Categories: ,
SKU: 978-608-260-145-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Улицата на бродовите”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in