Уметноста на наследување тајни

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The art of inheriting secrets | Бр. на страни: 333 | Димензии: 125/195 | Корица: тврда

Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.

Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок.

Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори.

Само еден поглед кон дворецот Роузмер ќе ѝ биде доволен да сфати дека мајка ѝ со години го сликала на своите платна. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини. Иако нејзиниот стар живот ја чека да се врати, таа полека се вљубува во англиското село и неговите жители и ја прифаќа новата љубов...

Прекрасен стил, воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.

Киркус ривју

Цена: 500 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Уметноста на наследување тајни

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-792-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Уметноста на наследување тајни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in