Виенско тркало

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Viensko Trkalo | Num. of pages: 198 | Dimensions: 21х14 | Cover: мека

„ … За прстите му се залепи една стара, од стоење пожолтена црно-бела фотографија која пред заминување ја имаше најдено во фиоката на мајка му. Ни самиот не знаеше зошто ја стави во куферот. На опачината имаше виенска адреса. Се сеќава дека тогаш му беше чудно од каде неговата мајка познава некој во Виена, кога цел живот не се беше помрднала ни пет километри од дома. Тогаш немаше време да размислува поподробно за тоа бидејќи го мачеа други грижи. Веројатно заради тоа и ја беше бутнал во куферот. Сега ја разгледуваше љубопитно. Едвај забележливо, од фотографијата се насмевнуваше некој помлад човек. Тешко беше да му се одредат годините, бидејќи фотографијата беше ретуширана и веќе личеше на пергамент. Ја сврте опачината на која беше видлива адресата: Линцерштрасе 122, а покрај неа нечитлив телефонски број. Долго го посматраше ликот на човекот кој ништо не му значеше, но кој сега му ја заскокотка фантазијата…“Душан Савиќ е роден 1952 г. во Бања Лука.  Романот Виенско тркало го објавува во 2009 г. прво на српски, а подоцна и на германски јазик. Неговиот следен роман Порајмос (2013)  влегува во најтесниот избор за српската книжевна награда „Мирослав Дерета“.Поезијата и прозата на Савиќ е објавувана во домашни книжевни списанија и во повеќе антологии на германски јазик. Неговиот најнов  роман, Меѓу живите, чека објавување. Душан Савиќ е член е на Друштвото на писателите на Војводина и на австрискиот ПЕН-центар. Долги години се занимавал и со седмата уметност и бил постојан соработник на режисерот Лордан Зафрановиќ. По распадот на Југославија на почетокот на деведесеттите, заминува за Виена, каде работи како стручен наставник и педагог во советувалиштето за странци и во Народниот универзитет. Денес живее и твори во Виена и Сомбор.

Price: 320 ден

5 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Виенско тркало

Category:
SKU: 978-608-65688-6-3

Questions and Answers

You are not logged in