Виконтот кој ме сакаше
Author:
Џулија Квин
Publisher:
Сакам Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
The Viscount who loved me |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони… ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУН Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски… За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
Reviews
There are no reviews yet.