Вишнов ликер
Author:
Влада Урошевиќ
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Вишнов ликер |
Num. of pages:
464 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Зар секое пишување/читање/толкување не е патување, авантура, пловидба или прошетка низ лавиринтските патеки на нарацијата, во времето и просторот?! Веројатно, само превозното средство се разликува! Раскажувачот Влада Урошевиќ ги одбира пајтонот „во зимските ноќи, кога провејува снег“ („Претпразнична вечер“) и воздушното летало дирижабл („Дирижабл над поле со пченки“), обете поврзани со детството како негова опсесивна тема: пајтонот упатува на „ноќниот пајтон“ кој ги носеше детето-наратор и неговата роднина Емилија во чудесни градски авантури, а дирижаблот, според авторовото сведоштво, се врзува за цртежите видени во омилените книги во периодот на детството. Пајтонот се движи по земја, дирижаблот – плови по небото. Идеална комбинација, зар не?! Урошевиќ е искусен пајтонџија кој познава „некаков таен план на градот“ и вешт управувач со дирижаблот по ѕвездените патеки на нарацијата. На оние што патуваат со него, меѓу сонот и јавето, им нуди „вишнов ликер“ на дар. Лидија Капушевска-Дракулевска
Reviews
There are no reviews yet.