Вистинскиот живот
Author:
Аделин Дједоне
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
La Vraie Vie |
Num. of pages:
176 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
/
Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и последиците од живот без љубов од страна на оние што би требало да ги заштитат сопствените деца. Главен лик е млада девојка што живее со родителите и со помалиот брат Жил, единствената светла точка во нејзиниот живот. Нивниот дом е непријатно место исполнето со постојана закана од избувнувањата на насилниот татко, кој, освен телевизијата и алкохолот, го сака и мирисот на свежиот улов. Мајката пак е целосно потчинета на барањата на својот насилен сопруг. Затоа, девојката е рамнодушна кон неа, затоа што прифатила таков живот и не ги штити неа и нејзиниот брат. Кога трагичната несреќа ќе ги раздели, а нејзиниот брат ќе стане нем „робот“ што полека се претвора во садистичко момче што ги тероризира другите, девојката се чувствува како да загубила сè на овој свет и е опседната со желбата да се врати во минатото и да го спаси братот од мрачната судбина. Моќно и трогателно патување кон полнолетството. Возбудливиот деби-роман на Дједоне е приказна за полнолетството во која се судираат стварноста и илузијата.
Reviews
There are no reviews yet.