Војната на уметноста : Совладајте ги блокадите и извојувајте ги своите внатрешни креативни битки
Автор:
Стивен Пресфилд
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
The war of art : break through the blocks and win your inner creative battles |
Бр. на страни:
180 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност
Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање... а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.
„Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.
Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.
„Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“
Џеј Мекинерни
„Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме... Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“
Сет Годин
Оценки
Сѐ уште нема оценки.