Вокабуларис
Author:
Ен Игма
Publisher:
Темплум |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
/ |
Num. of pages:
250 |
Dimensions:
145x180
|
Cover:
мека
Се работи за дебитантски роман во кој авторката на интересен начин ги вплетува световите на фантазијата и реалноста балансирајќи помеѓу необични автореференцијални експериментирања и динамична приказна. Можеби најинтересен е капацитетот на авторката за менаџирање на прилично комплексен наратив. Во Вокабуларис – светот на Зборовите – Човек, главниот зоолог, го ослободува вирусот на Неписменост кој ги заразува повеќето од неговите сограѓани. На невините Зборови во мирното општество им се заканува исчезнување ако не го најдат лекот. Ако само еден Збор е загубен, Вокабуларис може да престане да постои. На два млади Збора, Грозна и Лага, им се губи трагата. Детската невиност не останува недопрена и во реалниот свет. Во една од големите метрополи се одвива потрага по Габи, младо девојче кое исчезнува после невина лага. Полицијата се сомнева дека таа е загубена во каналите на грозоморен криминал кој го инфицира градот. Дали Габи губи повеќе од патот кон својот дом? Што е тоа што ги поврзува светот на Зборовите и светот на Габи?
Questions and Answers
You are not logged in