Време е повторно да ги запалиме ѕвездите

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Il est grand temps de rallumer les étoiles. | Бр. на страни: 283 | Димензии: 125/195 | Корица: тврда

Има ѕвезди и на друго место освен на небото.

Притеснета од долговите и тинејџерските проблеми на своите ќерки, 37-годишната Ана носи брза и луда одлука – да заминат на патување во Скандинавија за да ја видат поларната светлина. По несреќниот развод, затворена во кругот на рутината, Ана сфаќа дека животот ѝ одминува исто толку брзо колку и на нејзините ќерки. 17-годишната Клое живее во соништа за иднината и постојано е во потрага по љубовта на својот живот. 12-годишната Лили, пак, е девојче кое повеќе сака да се дружи со својот глушец. Сите три се совршена комбинација. Читајќи ги нивните записи, влегуваме во внатрешниот свет на три жени, три различни гласови.

Ќе успее ли тоа патување да им го промени животот и да ја стопи далечината меѓу нив? Зашто дури и на растојание од 17.000 километри, може да се биде заедно. Само треба да се знае како.

Моментално најпознатата француска романсиерка блеснува со забавен и длабоко искрен роман за тоа како да се сакаш себеси, другите и целиот свет. „Приказна полна со емоции, хумор и нежност. Полна со живост.“

Фем актуел

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Време е повторно да ги запалиме ѕвездите

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-780-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Време е повторно да ги запалиме ѕвездите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in