Втората месечина
Author:
Владо Димовски
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Втората месечина |
Num. of pages:
120 |
Dimensions:
140/200
|
Cover:
тврда
..и од под вода излезе втората месечина. За да има втора месечина, почитувани, треба да ги има и седумдесеттите години на минатиот век, треба да ве има и Вас во Долна Преспа. Авторот на оваа проза ги исполнува и двата услова. Замислете ги селата од овој дел на Македонија полни со млади луѓе. Сите населени места си имаа селски домови во кои секоја вечер имаше игранки. За забава беа потребни еден засилувач, неколку звучници и пристоен грамофон. Во време кога скопските девојки требаше да бидат дома пред 22 часот, моите долнопреспанки се прибираа по полноќ. Во време кога во другите места можеа да сонуваат дека ќе ја имаат најновата плоча од „Битлс“, ние ја вртевме со месеци. Плочите ни ги носеа нашинците кои доаѓаа од суровиот капитализам да си најдат партнерка, Македонка. Селските плажи?!... На врелиот песок задниците си ги топлеа и нашите, и дојдените убавици. Модна ревија без концепт и без сценарио. Нешто највозбудливо и преполно со колективна емоција беше летната фудбалска лига. Замислете го сега познатиот голгетер во овој летен котел. Исончан, надоен од самоуправниот социјализам и со црвен пасош во џебот. Можеби сте за едно ноќно капење во водите на Преспанското Езеро?!... Сигурно ќе се престорите во месечина?!... Девојко, вам ви зборувам! Две приказни за едно волшебно време, за големи љубови, за две втори месечини.
Reviews
There are no reviews yet.