Заеби ја сега илјадарката
Author:
Борис Дежуловиќ
Publisher:
Прозарт Паблишинг |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Jebo sad hiljadu dinara |
Num. of pages:
289 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Заеби ја сега илјадарката е антивоен роман чиј заплет се базира на комедија на збунетост. На 29 август 1993 година, две групи војници, една хрватска и една бошњачка, се наоѓаат на нишан една со друга, без притоа да знаат кого држат на нишан. Имено, и двете групи ќе дојдат до многу „оригинална“ идеја да облечат непријателски униформи за потребите на тајната задача. Така, целосно ќе го обесмислат најважното прашање во секоја војна: „Кои се „наши“, а кои се „нивни“? „Борис Дежуловиќ се обидува да одговори на најважното прашање на сите наши војни: кој кому е непријател и што се случува со непријателот кога ќе ја смени униформата? Во времето кога е напишан, романот зборувал за сè уште неодамнешното минато и за воените рани кои се половично свежи. Денес, минатото е далечно, но раните се посвежи. Патриотите ги кубат крастите. Прашањето кој кому е непријател, е поактуелно од што било…“ Миљенко Јерговиќ
Reviews
There are no reviews yet.