Замор на материјалот
Author:
Марек Шинделка
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Únava materiálu |
Num. of pages:
160 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
мека
Романот го опишува патот до Европа на двајца браќа од неименувана земја зафатена со војна. Нивните патишта наеднаш се разделуваат и секој продолжува на своја рака, без мапа, без врски, без контакти. Го следиме сложениот и болен пат кон север и истовремено со тоа во книгата читаме за Европа видена однадвор. Европа, која потсетува на голема машина што работи. Единственото што стои наспроти таа машина е ранливото човечко тело. Тело на искоренет човек сведен на проблем, на статистички податок, на материјал. Книгата е фасцинантен, емпатичен гест во кој Европа се трансформира од сон за рајот во нехумано, анархично место. Гест што ни се спротивставува среде нашата удобност. „Култивираниот јазик е во контраст со суровоста на светот во кој се одигрува приказната.“ Зузана Францова, iLiteratura, 2017
Questions and Answers
You are not logged in