Заветот на коските
Автор:
Долорес Редондо
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Legado en los huesos |
Бр. на страни:
496 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото! Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар. Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“. Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.
1 оценка за Заветот на коските
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Неверојатен психолошки, мистичен крими-трилер, сликовит и долго останува
во сеќавање!